„Ослободување на Скопје“ со награда за најдобро сценарио на Арпа Филм Фестивал

10/11/2017

 

На дваесеттото јубилејно издание на Интернационалниот Арпа Филм Фестивал, кој од 3 до 5 Ноември се одржа во Egyptian Theater во Холивуд, македонскиот игран филм „Ослободување на Скопје“, во режија на Данило и Раде Шербеџија, ја доби наградата за најдобро сценарио.

Сценариото на филмот е направено според текстот за истоимената култна театарска претстава на Душан Јовановиќ, а како сценаристи на филмот се потпишуват Душан Јовановиќ и Раде Шербеџија.

Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција и е реализиран со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на РМ.