MINI EAVE MACEDONIA

13/11/2011

EAVE во соработка со Филмскиот Фонд на Република Македонија организира работилница во склоп на Фестивалот на европски филм CINEDAYS

Во текот на 12ти и 13ти Ноември во Младинскиот Културен Центар во склоп на фестивалот на Европски Филм CINEADYS, се одржа мини EAVE работилница. На оваа работилница учествуваа македонските филмски продуценти кои сакаат да ги развиваат своите проекти како европски копродукции.

Предавањата и презентациите на работилницата ги водеа: Rinna Sildos  (Producer, Amrion, Estonia)  и Sarah Calderon (Karma films, Spain  Sales & Distribution Europe & Latin).
Од страна на Riina Sildos беше презентиран принципот на воспоставување на европска ко-продукција односно каде и како да се најде соодветен продуцент, како да се привлечат партнери за соработка, начини на кој е потребно да се преговара со финансери, материјали кои се потребни за презентација на проектот, правилен пичинг и сл. Од страна на Експертот Sarah Calderon беа презентирани основните маркетинг знаења кои продуцентот може да ги примени за презентирање на својот проект. Во првиот дел беа преставени добро познатите “business to business (b2b) tools” беа дадени совети за нивно правилно користење и сл, додека во вториот дел беше посветен на “business to consumer tools (b2c)” алатка која му овозможува на продуцентот да воспостави професионален маркетинг план за привлекување на публиката. Учесниците со филмски проект имаа можност и за поединечни средби со експертите.

EAVE  е една од водечките организации за организирање на тренизни и работилници за проедуценти во Европа.  Целата на оваа организација е запознавање на продуцентите на играни и документарни филмски и телевизиски проекти со Европските правила (можните фондови на кој што може да се аплицира, правните и финансиските регулативи, Медиа програмата, фестивали и маркети и сл) со цел зголемување на нивното знаење за продукција и ко-продукција во Европа.

 

 

Дневник: Дводневна работилница за продуценти во рамките на „Синедејс“

Курир: Дводневна работилница во МКЦ

МРТ: Дводневна работилница во рамки на 10.Фестивал на европски филм „Синедејс“

Плус Инфо: Македонските продуценти на работилница на „Синедејс“

Миа: Дводневна работилница во рамки на 10. Фестивал на европски филм „Синедејс“