MINI EAVE Македонија 2012

17/11/2012

 

EAVE во соработка со Филмскиот Фонд на Република Македонија организираше мини EAVE работилница која се одржа во период од 16ти до 17ти Ноември во Младинскиот Културен Центар во склоп на фестивалот на Европски Филм CINEADYS.

Оваа работилница е наменета за македонските филмски продуценти кои сакаат да ги развиваат своите проекти како европски копродукции.

 

 

 

Предавањата и презентациите на работилницата ги водеа:  

       Kristina Trapp (Директор на EAVE, Луксембург), 

       Rinna Sildos (Продуцент, Amrion, и Естонија) и 

       Roshanak Behesht Nedjad (Продуцент,  Flying Moon, Германија).

      

Оваа година освен работилницата на која се пријавени партиципанти кои се пријавиле по конкурс,  се организира и Отворена презентација за EAVE организацијата  на која  имаа можност  да присуствуваат сите филмски професионалци и студенти. Отворената презентација на ЕAVE се одржа на 16ти ноември во ЕУ Инфо центарот.

      

Фестивалот на Европски филм CINEDAYS кој ќе се одржи од 15ти до 25ти ноември, на посетителите ќе им понуди богата 11 дневна програма од 107 филмови, со секојдневни проекции во кината „Милениум“, „Фросина“ и Кинотеката на Македонија.

Повеќе информации за фестивалот ОВДЕ