Македонија наградена на Jahorina Film Festival

01/10/2013

Во период од 25.09.2013 год. до 29.09.2013 година, се одржа Интернационалниот Филмски фестивал посветен на туризам и животна средина во Јахорина, Пале (Jahorina Fim Festival), Босна и Херцеговина. На фестивалот беа претставени четири македонски документарни филмови и четири промотивни филмови за Македонија, во конкуренција на повеќе од 80 остварувања од 20 земји.Македонија на фестивалот освои најголем број на награди. „Волшебниот рид“ во режија на Петар Џуровски, е награден со Бронзена Боровница, додека  „Трагачи по звукот“ во режија на Сузана Диневски, ја освои Специјалната награда од жирито. Во категоријата промотивни филмови со наградата Бронзен Јавор се закити “Македонски вина”, дел од едицијата Македонија вечна.

Фестивалот е организиран од страна на здружението на граѓани Јахоринафест, манифестација од областа на културата. Истовремено е домашен и меѓународен натпреварувачки филмски фестивал од областа на краток игран филм, документарен и краткометражен филм.

Jahorina Fim Festival, се одржува еднаш во годината и започнува во последната седмица од месец септември.
Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на следниот линк www.jahorinafest.org