Македонија на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин

17/02/2016

    Агенцијата за филм на Република Македонија, македонските филмови како и филмски професионалци од нашата земја и оваа година се присутни на 66-то издание на Берлинскиот Филмски Фестивал кој се одржува во период од 11 до 21 февруари во Берлин, Германија.

    На Европскиот Филмски Маркет во склоп на Берлинале (Martin Gropius-Bau), Агенцијата за филм на РМ  на соодветен рекламен простор ги промовира филмовите чија премиера се очекува оваа година и тоа: „Амок’’ во режија на Вардан Тозија и „Ослободување на Скопје’’ во режија на Раде Шербеџија  како и  веќе успешниот филм „Лазар’’ во режија на Светозар Ристовски. Вооедно, на маркетот се презентираат и поволностите кои нашата земја ги нуди како поволна дестинација за снимање и 20% право на поврат на средства за снимање на филмски, односно телевизиски проекти, мерка која успешно се применува од нејзиното донесување со Законот за филмската дејност.

    Во рамките на своите активности Агенцијата за филм на Република Македонија ја презентира филмската дејност во Македонија и активно учествува на бројни настани кои се од особено значење за натамошниот развој на филмската дејност во нашата земја како и остварува повеќе средби со меѓународни институции, организации, фестивали и други филмски работици од кои се очекува да произлезат идни соработки и проекти во областа на филмот.

BPX - Best Practice Exchange 12 февруари 2016