Македонија претставена на Меѓународниот фестивал за деца и млади „Giffoni Experience“

24/07/2013

           

Оваа година Македонија, претставена од  Директорот на фестивалот Giffoni Macedonia, Елена Величковска и креативниот директор Иво Антов, како и дел од организацискиот тим се гости на Меѓународниот фестивал за деца и млади „Giffoni Experience“, кој се одржува во период од 18 -28 јули во Италија.

Осум деца од Р. Македонија исто така имаат шанса да бидат дел од меѓународното жири на најголемиот фестивал за деца и млади „Giffoni Experience“ во Италија.

Оваа година на фестивалот „Giffoni Experience“ во Италија, Македонија беше претставена со повеќе активности во рамките на фестивалот како што беше и најавено на прес конференцијата  која се одржа во прес центарот на фестивалот и на која присуствуваа Клаудио Губитози, Директор на Giffoni Experience, Дарко Башески, Директор на Филмски фонд на РМ, Мими Ѓоргоска Илиевска, Директор на Кинотека на Македонија, Елена Величковска, Извршен директор на Giffoni Macedonia и Иво Антов, Уметничкиот директор на Giffoni  Macedonia.

          

 На 23 јули се одржа  Македонскиот ден на Џифони со македонска вечер која се одржа во манастирот Сан Франческо на која Македонија беше претставена преку вина обезбедени од Винарија Тиквеш и производи од традиционалната македонска кујна. Фотографиите од Р.Македонија, македонското вино, галичкото сирење и производите како ајвар, лутеница, малиџано како и разниот рекламен материјал  ги привлече сите посетители на приемот, меѓу кои и Џулиано Гема, легендата на вестерн филмовите.

           

Презентацијата на Македонија беше придружена и со промотивни материјали како брошури и мапи за Македонија, брошурата “Filming in Macedonia”, каталозите на македонски филмови 2012/2013 год. и колекцијата разгледници “Welcome in Macedonia 220 Sunny days for filming”.

Со почеток во 21:45 часот на Стадионот Giffoni Valle Piana Stadion  Comunale "Troisi", македонскиот бенд Фолтин имаше прекрасен настап со голем број на посетители кои имаа можност за прв пат да ја почувстуваат и да уживаат во прекрасната музика на бендот, кои преку песна и динамичен перформанс успеаја да ја разиграат публиката.

 

                     

Денес со почеток во 10:00 ч. Директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башески и Директорката на Кинотека на РМ, Мими Ѓоргоска Илиевска, беа примени од страна на Паоло Русомандо, градоначалникот на Џифони. На средбата г. Паоло Русомандо го изрази задоволството во однос на воспоставената соработка со Филмскиот Фонд како и желбата размената на искуства помеѓу двете земји, односно преку институциите од областа на филмот да продолжи во иднина.

           

Градоначалникот напомена дека Giffoni Experience е можност за воспоставување на соработка помеѓу Општината Џифони и Градот Скопје кои како поддржувачи на фестивалот ќе имаат можност да разменат искуства како и да воспостават соработка во други области. Вооедно го најави своето доаѓање на фестивалот во Македонија каде за прв пат ќе има можност да се запознае со убавините на Македонија.

Вечерва, со почеток во 21:00 часот  започнува Фокусот на македонските кратки филмови во кои ќе бидат преставени следниве филмови:

„Бардо“ на Марија Апчевска

„Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски

„Синот“ на Марко Ѓоковиќ

„Образ“ на Стефан Сидовски

„Жарче“ на Томислав Алексов

Погледнете ја Галеријата

 

 

Повеќе информации за Giffoni Film Festival, ОВДЕ