Македонија на 67-то издание на Берлински филмски фестивал

16/02/2017

 

Агенцијата за филм на Република Македонија, македонските филмови како и филмски професионалци од нашата земја и оваа година се присутни на 67-то издание на Берлинскиот Филмски Фестивал кој се одржува во период од 9 до 19 февруари во Берлин, Германија.

 

  • Македонски филм во програмата Панорама Специјал

Најновиот Филм на Теона С Митевска – „Кога денот немаше име“  официјално ќе ја има својата светска премиера во програмата Панорама Сепцијал на 14. февруари со почеток во 19.00 часот во Zoo Palast 1.

Филмот „Кога денот немаше име“ е четврт долгометражен филм на режисерката Теона С Митевска, истиот е Македонско, Белгиско Словенeчка копродукција, каде што главен продуцент е Лабина Митевска со продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“.

По претставувањето во претходните години со своите филмови „Јас сум од Титов Велес” и „Жената која ги избриша своите солзи”, ова е трето учество на Теона на Берлинскиот филмски фестивал со долгометражен филм.

По повод прикажувањето на „Кога денот немаше име“ во  Берлин ќе бидат присутни: режисерката Теона Стругар Митевска, продуцентката Лабина Митевска и сценаристката Елма Татарагиќ како и шесте млади главни актери во филмот: Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов. Филмот ќе биде прикажан вкупно 7 пати за време на фестивалот, од кои два пати на Маркетот - затворени проекции само за филмските професионалци, кои бесплатно ни ги обезбеди самиот фестивал - и пет други проекции за публика каде тимот после секоја проекција ќе има сесија на прашања и одговори со публиката.

„Кога Денот Немаше Име“ ќе биде преставуван од искусниот агент за продажба Sebastien Shecneau и неговата компанија CERCAMON.

 

  • Копродукциски филм со македонско малцинско учество во програмата Панорама Специјал

На Берлинскиот Фестивал во програмата Панорама Специјал ќе биде прикажан и филмот „Реквијем за госпоѓа Ј“ во режија  на Бојан Вулетиќ кој својата премиера ќе ја има на 13 февруари со почеток во 19.00 часот во Zoo Palast 1. Филмот „Реквијем за госпоѓа Ј“ е Српско, Бугарско, Македонско, Руско, Француска копродукција, каде што како ко-продуцент од македонска страна се јавува Томи Салковски од продуцентската куќа Скопје Филм Студио.

И двата проекти се поддржани од Агенцијата за филм Еуримаж.

 

Македонски филмови на Европскиот Филмски Маркет

На Европскиот Филмски Маркет оваа година свои проекции ќе имаат најновиот филм на режисерот Владимир Блажевски – „Година на мајмунот“ и дебитантскиот филм на Ѓорче Ставревски – „Тајната состојка“

Најновиот долгометражен игран филм на режисерот Владимир Блажевски „Година на мајмунот“ ќе се прикаже на 11февруари (сабота) со почеток од 11.00 часот во Cinemaxx13.

Претставувањето на „Година на мајмунот“  на Европскиот Филмски Маркет е организирано од страна на Агенцијата за Филм на Република Македонија, а филмот во Берлин ќе го претстави режисерот Владимир Блажевски и продуцентот Дарко Попов од продуцентската куќа Панк Филм.

Првиот долгометражен игран филм „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски ќе биде прикажан на 11 февруари со почеток во 14.30 часот во Cinemaxx 14 и на 13 февруари во Kino Arsenal 2  со почеток во 11.00 часот. Претставувањето на „Тајната состојка“ на Европскиот Филмски Маркет е организирано од страна на селс агетот WILD во соработка со Агенцијата за Филм на Република Македонија, а филмот во Берлин ќе го претстави режисерот Ѓорче Ставревски.

Европскиот Филмски Маркет се организира секоја година во рамките на Интернационалниот Филмски Фестивал во Берлин и секогаш е посетен од страна на голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски селектори од целиот свет. Овој маркет важи за еден од најзначајните меѓународни собири во филмската индустрија.


 

Презентација во рамките на Европскиот Филмски Маркет

На Европскиот Филмски Маркет во склоп на Берлинале (Martin Gropius-Bau), Агенцијата за филм на РМ  на соодветен рекламен простор ги промовира најновите македонски филмови и тоа: „Тајната состојка’’ во режија на Ѓорче Ставревски, „Кога денот немаше име’’ во режија на Теона С. Митевска  како и „Златната Петорка“ во режија на Горан Тренчовски. Воедно, на маркетот се презентираат и поволностите кои нашата земја ги нуди како поволна дестинација за снимање и 20% право на поврат на средства за снимање на филмски, односно телевизиски проекти, мерка која успешно се применува од нејзиното донесување со Законот за филмската дејност.

Во рамките на своите активности Агенцијата за филм на Република Македонија ја презентира филмската дејност во Македонија и активно учествува на бројни настани кои се од особено значење за натамошниот развој на филмската дејност во нашата земја како и остварува повеќе средби со меѓународни институции, организации, фестивали и други филмски работици од кои се очекува да произлезат идни соработки и проекти во областа на филмот.

 

Распоред на филмски проекции на филмови селектирани во програма Панорама - Берлински филмски фестивал

Реквием за г-ѓа Ј во режија на Бојан Булетиќ
11.02.2017, 17:00   Cubix 9**
13.02.2017,  19:00   Zoo Palast 1 (Premiere)
14.02.2017, 09:30   CinemaxX 7
15.02.2017, 14:30   Cubix 9

Кога денот немаше име во режија на Теона Стругар Митевска
10.02.2017, 15:05  CinemaxX 14 (Market Screening) 
11.02.2017, 22:30 Colosseum 1(Public Screening)
14.02.2017, 19:00  Zoo Palast 1
 (World Premiere)
15.02.2017, 10:00  CinemaxX 7 (Public Screening)
16.02.2017, 14:30  Cubix 9 (Public Screening)
16.02.2017, 17:30  CinemaxX 11 (Market Screening) 

18.02.2017, 20:00  International (Public Screening)

 

Распоред на  филмски проекции во рамки на Европскиот филмски маркет

Тајната состојка во режија на Ѓорче Ставрески
11.02.2017,  14:30  CinemaxX 14 (Market Screening)
13.02.2017,  11:00  Kino Arsenal 2 (Market Screening)

Година на мајмунот во режија на Владимир Блажевски
11.02.2017, 11:00 CinemaxX 13 (Market Screening)

 

BPX - Best Practice Exchange 10 февруари 2017

Директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска Илиевска, на 10 февруари 2016 година беше учесник на меѓународниот собир на 20-те најпрограсивните филмски фондови од Европа и пошироко кој се одржа во хотел Relaxa во Берлин.

На меѓународниот собир, организиран од страна на Сајмон Пери (претседателот на АЦЕ),  присутните учесници имаа можност да разменат идеи и искуства за различни национални стратегии кои се користат во филмската дејност согласно новите европски и светски трендови.

 

Креативна Европа-Потпрограма МЕДИА

Во текот на годинешното издание на Берлинскиот филмски фестивал од Македонија е  присутен раководителот на Канцеларијата на Креативна Европа  - Потпрограма МЕДИА Владимир Стојчески кој има можност да  оствари повеќе средби со комисионерите од другите МЕДИА Дескови. Владимир Стојчевски ќе присуствува и на Европскиот Филмски форум на Креативна Европа-Потпрограма МЕДИА кој ќе се одржи на 13. февруари.