Македонија на Кански Филмски Фестивал 2011

14/06/2011

Македонија на Кански Филмски Фестивал 2011

 Оваа година по втор пат Македонија имаше свој штанд на Маркетот на Канскиот Фестивал во склоп на павилионот South –East European Pavilion – заедно со уште 7 земји Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Србија, Словенија и Црна Гора.  Павилионаот се наоѓаше во Village International Riviera покрај брегот на морето на простор од 100 квадрати метри и исто толку голема тераса.

Секој ден почнувајки од 12 до 20 Мај во павилионот се одржуваше Happy Hour од 17 до 18 часот, коj беше посетуван од многу познати филмски имиња и имаше голем интерес за присуство. Македонската вечер беше 15 Мај.

 

Проекции на Маркетот имаа следните филмови:

„Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски

(проекција на 13.05.2011 во 11:30 Gray4)

„Ова не е Американски филм“ во режија на Сашо Павловски

(проекција на 14.05.2011 во 09:30 PalaisF)

„Скопје Ремикс“ омнибус од десет кратки филмови во режија на десет млади режисери (проекција на 15.05.2011 во 09:30 PalaisB)

 

Producers on the move (во организација на European Film Promotion) 14 - 17мај

- Преставник од Македонија Дарко Попов

- Во склоп на овој проект се одржуваа тркалезни маси на кои продуцентите ги преставуваа своите нови проекти, воедно се одржа ручек со повеќе од 150 Европски продуценти од претходните години кои биле дел од оваа работилница.