Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонија на Канскиот Филмски Фестивал

18/05/2017

 

Македонската малцинска копродукција „Насоки“ во програмата „Неизвесен поглед“ – “Un Certain Regard” 

Агенцијата за филм на Република Македонија оваа година по осми пат е дел од Канскиот филмски фестивал, и по втор пат со филм во официјалната програма на фестивалот. По минатогодишното учество на романско-француско-хрватско-македoнско-босанската копродукција „Сиераневада“ во режија на Кристи Пуиу во официјалната конкуренција, оваа година во програмата „Извесен поглед“ – “Un Certain Regard” Македонија  како земја копродуцент ќе се претстави со филмскиот проект Насоки’’ во режија на Стефан Командарев.

Долгометражниот игран филм „Насоки“ премиерно ќе биде прикажан на 26. мај со проекции од 11:00 часот и 16.30 часот во салата Debussy Hall. Покрај официјалната премиера филмот ќе биде прикажан на маркетот на Канскиот филмски фестивал на 19. и 22. мај.

„Насоки“ е филмски проект во кој Република Македонија учествува со малцински финансиски удел и истиот е  копродукција помеѓу Бугарија, Германија и Македонија. Копродуценти од нашата земја се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа Сектори Филм.

Во интерес на соодветна промоција на овој значаен успех, Агенцијата за Филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа Сектор Филм  обезбедија рекламни објави во престижните списанија во Hollywood Reporter на 18. мај и Screen International  на 24. мај.

 

 

3 македонски филмови со проекции на Филмскиот Маркет во склоп на Фестивалот

На годинашниот Филмски Маркет во склоп на фестивалот ќе се прикажат три најнови македонски долгометражни играни филмови и тоа:

- Новиот филм на Тeона Стругар Митевска „Кога денот немаше име“ , со проекција на 19. мај со почеток во 17.30 часот во ARCАDES 3, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со селс агентот CERCAMON  и продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски;

- Дебитантскиот филм на режисерот  Ѓорче Ставревски „Тајната состојка“, со проекција на 23. мај со почеток во 12.00 часот во PALAIS G, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со селс агентот WIDE Management  и продуцентската куќа Фрагмент Филм;

- „Година на мајмунот“, најновиот филм на режисерот Владимир Блажевски, со проекција на 24. мај со почеток во 10.00 часот во PALAIS Е, организирана од Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа Панк Филм. 

 

Краткометражниот филм „Железната приказна“ во Short Film Corner

Краткометражниот филм на Златко Калеников – „Железната приказна“ ќе биде презентиран во Short Film Corner – програма организирана од страна на Канскиот Филмски Фестивал , а во која филмски професионалци од целиот свет имаат можност да ги претстават своите филмови и да се сретнат со колеги од останатите земји, учесници во програмата, да разменат искуства и знаења, но и да воспостават соработки.

 

Агенцијата за филм со Промотивен штанд на макеодонската кинематографија по осми пат на Филмскиот Маркет

Како и секоја година така и оваа година Агенцијата за филм на Република Македонија е дел од павилјонот на земјите од Југоисточна Европа и се преставува на филмскиот маркет кој се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал.

 

Македонија на 70. Кански филмски фестивал - ДЕН 1

Македонија на 70. Кански филмски фестивал - ДЕН 2

Македонија на 70. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 3

Македонија на 70. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 4

Македонија на 70. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 5

Македонија на 70. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 6

Македонија на 70. Кански Филмски Фестивал - ДЕН 7