Младите од Република Македонија дел од Џифони Искуство – Италија

16/07/2015

На овогодишното 45-то издание на Фестивалот за млади „Џифони Искуство’’ кој се одржува во период од 17-ти до 26-ти јули во градот Џифони, Република Италија, 12 млади на воздраст од 13 до 18 години од нашата земја ќе бидат дел од делегацијата на Република Македонија и тоа:

 

Матеј Станојевиќ

13+

Ѓорѓи Димитров

Анастасија  Милковска

16+

Раде Јовчески Корчагин

Теодора Ангелевска

16+

Nova International Schools

Ана  Татабитовска

13+

Nova International Schools

Исидора Цветковска

16+

Орце Николов

Ања Димова

16+

Nova International Schools

Леон Ристов

16+

Орце Николов

Вера Пачоова дал Маскио

16+

Nova International Schools

Ардит Бина

16+

Јосип Броз Тито

Горан Попоски

13+

Климент Охридски-Прилеп

Ангела Димеска

16+

Nova International Schools

Евгенија Станкоска

13+

Никола Карев

 

 



Како и секоја година така и оваа младите од жирито ќе имаат можност да се сретнат и да дискутираат со многу интернационални и домашни ѕвезди од светот на филмот меѓу кои Марк Рафало, Том Фелтон, Мартин Фримен, попознат меѓу младите како Хобитот Билбо Бегинс, Алесандро Барико,еден од најголемите современи автори на Италијанската литература како и едно од најголемите холивудски актерски имиња, познатиот Орландо Блум.

„Република Македонија во фокус на фестивалот Џифони Искуство“

На 22-ри Јули 2015 год., во рамките на овогодишното издание на „Џифони Искуство’’- Италија ќе се одржи денот посветен на Република Македонија на кој свое присуство ќе има освен делегација составена од 12 млади, претставници од Агенцијата за филм,  претставници од Здружението за ширење на филмската култура Џифони-М, како и Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура на Република Македонија.

Денот на Македонија ќе ги опфати следниве активности: Ревија на кратки македонски филмови поддржани од страна на Агенцијата за филм, забава во Паркот Холивуд наменета за младите присутни на фестивалот, македонска вечер за присутните делегации на фестивалот на која преку брошури, каталози и сл. ќе се престави Македонската кинематографија и Македонија како дестинација за снимање на филмови како и македонски производи како што се виното, сирењето, ајварот, малиџаното и сл.

На ревијата на кратки македонски филмови ќе бидат прикажани кратките филмови: „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија, „Game Over“ на Зоран Мишевски; „Внатре“ на Иван Ивановски и „Вистинската прказна за Хансел и Гретел“ на Гоце Цветановски

Забавата наменета за младите која ќе се одржи во Паркот Холивуд е помогната од страна на Капри – Мак Инвест. Додека македонската вечер наменета за делегациите е помогната од страна на винаријата Тиквеш и Мамас.

„Самит посветен на младите и медиумите “

На фестивалот во период од 21-ви до 23-ти Јули во организација на Џифони Искуство и Доха Филм Институт ќе се одржи самит посветен на младите и медиумите.

Република Македонија преку претставници од Агеницијата за филм на РМ ќе земе активно учество во истиот заедно со претставници од меѓународни организации и институции од повеќе од 20 земји и ќе се говори за важноста на создавање на оваа интернационална мрежа чија цел е промоција на културните настани за деца и млади во ерата на новите медиуми и социјални мрежи, поттикнување на производство на аудиовизуелни, креативни и уметнички производи како и создавање на заедничка стратегија за справување со новите предизвици поврзани со креативноста на пост дигиталната ера. Последниот ден од самитот ќе биде посветен на презентација на нови идеи од сите претставници во мрежата кои се во насока на развој на младите и медиумите од кои се очекува да произлезат нови заеднички проекти кои ќе се создааваат во периодот кој следи помеѓу земјите членки.