Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонија со „Дивата круша“ на Нури Билге Џејлан на Канскиот филмски фестивал

23/04/2018

 

Преку продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски Продукција“, Македонија учествува во најновиот филм на генијалниот Нури Билге Џејлан - ДИВАТА КРУША, кој е селектиран во главната програма на Канскиот Филмски Фестивал. Оваа соработка и го носи на Македонија – како земја ко продуцент, второто учество на Канскиот филмски фестивал во главната програма, после 2016 година кога прв пат учествуваше со копродукцијата СИЕРА НЕВАДА на Кристи Пују, исто така преку продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски Продукција“.  Премиерата на ДИВАТА КРУША е закажана за 18-ти мај.

Нури Билге Џејлан е  еден од најголемите европски и светски автори и еден од најуспешните режисери во историјата на Канскиот илмски Фестивал. ДИВАТА КРУША е негов шести филм на Канскиот Филмски фестивал. 188 минутно целосно авторско некомпромисно дело.

ДИВАТА КРУША е комплексна копродукција помеѓу седум земји, Турција, Франција, Германија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Шведска копродукција и со поддршка од Еуримаж. Македонија беше првата земја која се вклучи во овој голем проект. Ова филмско остварување е поддржано како малцински проект од страна на Агенцијата за Филм на Република Македонија.