Македонија, дел од Европскиот ден на млада публика

09/05/2017

 

Агенцијата за филм во соработка со Европската Филмска Академија оваа година по третпат го организираше настанот „Европски филмски ден на млада публика“.


На 7. мај  по третпат во Скопје се одржа уникатиниот пан-европски настан на Европската филмска академија „Награда на младата публика“ кон кој што се приклучија и стотина млади од нашата земја на возраст од 12-14 години.

Настанот се одржа во Кинотеката на Македонија, каде што младите од Македонија заедно со повеќе од 4.000 млади од 37 градови низ Европа, како движечка сила на манифестацијата беа дел од меѓународно жири кое што одлучуваше за најдобриот европски филм во оваа конкуренција.

Учениците од Основните училишта, „Вера Циривири-Трена“„Војдан Чернодрински“, Јан Амос Коменски“, и „Христијан Тодоровски Карпош“ го сочинуваа македонското жири како дел од меѓународното жири. Настанот во текот на целиот ден преку видео врска истовремено и во живо се пренесуваше во сите земји учеснички, со што се создава можност за интерактивна комуникација помеѓу сите 4000 членови на меѓународното жири.

Годинава беа номинирани филмовите “Goodbye Berlin”, Германија, во режија на Фатих Акин, “The Girl Down Loch Anzi”, Швајцарија, во режија на Алис Шмид и “My Life as a Zucchini”, Швајцарија/Франција, во режија на Клод Барас.

По проследување на трите номинирани филмови, преку дискусии, забава и официјално гласање, младите од Македонија го избраа “Goodbye Berlin” како филм кој најмногу им се допадна и кој што воедно беше избран за најдобар од целата млада европска публика.

Гласовите од Република Македонија беа соопштени преку видео клип кој беше искреиран и снимен за време на настанот од членовите на македонското жири и истиот беше емитуван во текот на официјалната церемонија која што се одржа во Ефрурт, Германија.
Настанот беше организиран од страна на Европската Филмска Академија и  Агенцијата за филм на Република Македонија во соработка со Фестивалот за млади Џифони, Џифони Експириенс и Кинотеката на Македонија. Официјален спонзор на настанот беше Чупа Чупс.
Објавите за настанот активно беа презентирани на официјалната веб страница на Европската филмска академијаФејсбук страната на EFA, како и Фејсбук страната на Агенцијата за филм на РМ