Македонска анимација на полскиот фестивал O!PLA

05/06/2014

 

     

Денес, во рамки на фестивалот за анимација O!PLA кој се одржува во Лоѓ, Полска, а во соработка со македонскиот интернационален фестивал за анимација „Анимакс Скопје Фест“, ќе се прикаже програма на современа македонска анимација од македонски автори на анимирани филмови. Програмата ќе биде прикажана во рамки на проектот O!PLA ACROSS THE BORDERS 2014.  Полската публика ќе има можност да ги погледне најновите анимирани филмови на македонските автори Иван Ивановски, Гоце Цветановски, Вук Митевски, Жарко Иванов, Ице Виранов и Доријан Миловановиќ. 

Подетално за програмата, ОВДЕ