Децата од Македонија на средба со актерот Ричард Гир

23/07/2014

      

Дванаесет тинејџери од Република Македонија со поддршка на Министерството за култура и Агенцијата за филм, се дел од еден од најголемите Филмски фестивали за деца и млади во светот  „Џифони искуство“ кој се оддржува од18 до 27 јули, во гратчето Џифони, Италија.

На фестивалот секоја година гостуваат познати личности од светот на филмот, а децата од Македонија и овој пат во дискусиите со нив беа препознатливи по својата активност промовирајќи ја нашата земја.

      

На средбата со холивудски актер Ричард Гир во преполната сала „Трифо“ , Мартина Величковска беше едно од петте деца која имаше можност да му постави прашање на познатиот актер, кој својот одговор го започна „Ја сакам Македонија, топлината на луѓето и убавините на вашата земјата“ сеќавање кое беше потикнато од посетата на Македонија пред 15 години. Дарио Тодоровски пак ја имаше честа на актерот да му ја врачи традиционалната наградата за животно дело „Франсоа Трифо“.

Утрешниот ден во рамките на фестивалот ќе биде посветен на Македонија како земја во фокус, во чии рамки ќе следи богата културна програма со презентација на ревија на македонски филмови, музика на Мухамед Ибрахими, изложба на фотографии со убавините на Македонија и  презентација на македонски традиционални производи.

 

Погледнете ја Галеријата