Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонски филмови на Фестивалот на храна и филм во Албанија

03/09/2012

                     

 

На второто издание на Balkan Film and Food Festival, коj започнува денес, 3 септември и трае до 9 септември 2012 година во Поградец, Албанија, ќе бидат прикажани повеќе македонски филмови.

Во вторник на 4 септември на фестивалот ќе бидат прикажани долгометражниот филм „Војната заврши" во режија на Митко Панов, докуметарниот „Македонците во Истанбул" во режија на Елизабета Конеска, како и кратките филмови „Митот за Сара" во режија на Саша Станишиќ и „Девојчето со кибритчињата" во режија на Филип Матевски. Во рамки на фестивалот ќе биде прикажан и анимираниот филм „Народен фронт 12" во режија на Иван Ивановски, а воедно од страна на фестивалот ќе се организира македонски ручек на кој посетителите ќе ја имаат можноста да дегустираат  традиционална македонска храна.

Преку богатата филмска програма од земјите од регионот, каде покрај со проекциите на филмовите земјите од регионот ќе бидат претставени и со традиционални кулинарски специјалитети, фестивалот има за цел да прерасне во збирна точна на филмските љубители и љубителите на уметноста, традицијата и културата на балканските народи.

 

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ