Македонија претставена на овогодинешниот Кански филмски фестивал

13/05/2015

 

 

Агенцијата за филм на Република Македонија и оваа година e дел од Филмскиот маркет (Marche du Film) во склоп 68от Кански филмски фестивал, кој се одржува во период од 13-24 маj.Како и секоја година, и оваа Македонија има штанд во рамките на павилјонот на Југоисточна Европа бр.132 - Village International Riviera, кој се наоѓа помеѓу Фестивалската палата и Авенијата на палмите.

Во текот на овие денови Агенцијата ќе ја промовира македонската кинематографија со  најновата филмска продукција, Македонија како дестинација за снимање на филмови каде со правото на поврат на средства во износ од 20% треба се привлечат странските филмски продукции да снимаат филмови во Македонија, можностите за копродукција со Македонија,  промоција на филмски фестивали во Македонија и други проекти од областа на филмската дејност.

Македонската забава ќе се одржи на 17ти мај во павилионот на Југоисточна Европа со почеток од 17 ч. На забавата ќе бидат претставени активностите на Агенцијата за филм како и новата филмска продукција, 110 години  од творештвото на браќата Јанаи и Милтон Манаки и ќе биде најавено 36то издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како и работилницата EAVE PRODUCER WORKSHOP која ќе се одржи во месец јуни. На забавата се поканети голем број на професионалци од областа на филмската индустрија (селектори на фестивали, директори на филмски маркети, дистрибутери, продуценти, селс агенти) со цел запознавање со македонската кинематографија и можностите кој Република Македонија ги нуди за остварување на соработки во областа на филмот.

На забавата на филмските професионалци од целиот свет ќе им биде доделен промотивен материјал и вино од винаријата Тиквеш во чест на Браќата Манаки кои се подготвени од страна на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Агенцијата за филм на Република Македонија, Кинотеката на Македонија и градот Битола.

На забавата гостите ќе уживаат во македонските вина од винариите Тиквеш и Стоби.

 

Проекции на маркетот

Во склоп на Маркетот ќе се прикажуваат следните македонски филмови: „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков и „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски и филмовите со македонски малцински удел „Шишка делукс“ во режија на Јан Цвитковиќ и „Жената на мојот живот“ во режија на Антониј Дончев.

 

ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МНОЗИНСКИ УДЕЛ

Вторник, 19.05

12:00 – PALAIS E          Медена ноќ   во режија на Иво Трајков

Вторник, 19.05

13:30 – PALAIS J                          

 

Вторник, 19.05                Три дена во септември  во режија на Даријан Пејовски

12:00 PALAIS I


ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ

Вторник, 19.05

13:30 - GRAY 2              Шишка де лукс во режија на Јан Цвитковиќ

 

Понеделник, 18.05

09:30 GRAY 4                Жената на мојот живот во режија на Антониј Дончев

                                                                                                       

Продуценти во движење 2015

Продуцентот Светозар Ристовски  (Small Moves Films), продуцент на „Такви се правилата“ во режија на Огнјен Свиличиќ ќе им се придружи на 20 истакнати продуценти од ширум Европа како овогодинешниот македонски претставник во „Продуценти во движење“, иницијатива на European Film Promotion. „Producers on the move“ е платформа за поврзување на продуцентире во организација на European Film Promotion, која се одржува на годишно ниво и претставува збирно место за остварување контакти со филмски професионалци и можна копродукциска соработка на актуелните проекти.

Интервјуто на Светозар Ристовски за Cineuropa можете да го проследите ОВДЕ

ГАЛЕРИЈА