Македонската кинематографија по петти пат на Канскиот филмски фестивал

15/05/2014

Агенцијата за филм на Република Македонија и оваа година e дел од Филмскиот маркет (Marche du Film) во склоп 67миот Кански филмски фестивал, кој се одржува во период од 14-22 маj.

Како и секоја година, и оваа Македонија има штанд во рамките на павилјонот на Југоисточна Европа бр.134 - Village International Riviera, кој се наоѓа помеѓу Фестивалската палата и Авенијата на палмите.

Денес со почеток од 17 ч. во павилионот на Југоисточна Европа ќе се одржи Македонската забава на која се поканети голем број на професионалци од областа на филмската индустрија (селектори на фестивали, директори на филмски маркети, дистрибутери, продуценти, селс агенти) со цел запознавање на македонската кинематографија и можностите кој Република Македонија ги нуди за остварување на соработка во областа на филмот.

Проекции на маркетот

На маркетот Агенцијата ќе ги презентира најновите филмови од македонската кинематографија, можностите кои Агенцијата ги нуди за копродуцирање со странски држави како и презентација на Македонија како дестинација за  снимање на филмови и поттикнувањата кои со новиот Закон за филмската дејност ќе бидат овозможени за домашни и странски продукциски компании кои ќе реализираат филмски, односно телевизиски проекти во Македонија.

Во склоп на Маркетот ќе се прикажуваат последните македонски филмови:

 

Вторник, 20 Мај 2014

10 :00 -  Gray 1                               „До балчак“ (Приказна од дивиот исток”) во режија на Столе Попов                               

    

Вторник, 20 Мај 2014 

10:00  - RIVIERA 1                        „Деца на сонцето“, во режија на Антонио Митриќески                                                                                                                                                                                           

 Visions Sociales

 Филмот „Жената која ги избриша своите солзи“ во режија на Теона Митевска ќе биде прикажан  на Visions Sociales. Фестивалот Visions Sociales повеќе од десет години е партнер на Канскиот фестивал со престижна програма составена од општествено ангажирани филмови, дебати и разговори. „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе ја отвори оваа селекција на 17 мај во 21 часот.

 

Продуценти во движење 2014

Огнен Антов од продуцентската куќа „Дрим фектори“ е овогодинешниот македонски претставник во „Продуценти во движење“, иницијатива на European Film Promotion, која се одржува на годишно ниво и претставува збирно место за остварување контакти со филмски професионалци и можна копродукциска соработка на актуелните проекти.