Македонски копродукции на фестивали ширум светот

12/12/2014

На програмата на 18то издание на фестивалот „Црни ноќи“ кој се одржа во Талин, Естонија во периодот од 14-30 ноември се најдоа и неколку македонски копродукции. „Инферно“,  копродукција меѓу Словенија, Хрватска, Македонија и Србија, по сценарио и режија на Винко Модерндорфер се натпреваруваше во Mеѓународна конкуренција од 18 наслови, a „Споменик на Мајкл Џексон“ во режија на Дарко Лунгулов, копродукција меѓу Македонија, Србија, Хрватска и Германија беше дел од селекцијата каде што беа претставени филмови на надежни режисери од источна Европа. Во програмата 18 избрани наслови се најде „Пресуда“ во режија на Стефан Командарев од Бугарија додека копродукцијата меѓу Србија, Хрватска, Франција и Македонија во режија на Огнен Свиличиќ „Такви се правилата“ беше дел од Панорамата - селекција на најдобрите светски филмски остварувања од фестивалската сцена.

„Споменик на Мајкл Џексон“ и „Пресуда“ го продолжуваат своето фестивалско присуство истовремено учествуваат и на Меѓународниот фестивал во Гоја, Индија кој се одржа во период од 20-30 ноември.