Македонски ден на Канскиот Филмски Фестивал

23/05/2017

 

Во текот на вчерашнот ден, на македонскиот штанд во склоп на Филмскиот Маркет на Канскиот Филмски Фестивал, беше организиран македонски ден, на кој на покана на Агецијата за филм, присуствуваа значајни личности од филмската дејност.
Најпрво, со почеток од 16.00 часот на македонскиот штанд се одржа промоција на првата ВОД платформа во Македонија „CineSquare“, која е наменета за филмови од Југоисточна Европа, при што беа претставени можностите кои ги нуди оваа платформа, начините на прикажување на филмовите, начинот на нејзино користење, придобивките од претставувањето на филмовите на оваа платформа и сите останати детали, за кои беа заинетересирани присутните.

По презентацијата на платформата, се одржа македонскиот коктел во организација на Агенцијата за филм и „CineSquare“, на која присуствуваа: Сузан Николчев, извршен директор на Европската Аудиовизуелна Опсерваторија, национални претставници од земјите членки во Еуримаж, како и претставници од Секретеријатот на Еуримаж, задолжени за програмите за финансиска поддршка, претставници од тренинг програмата за развој на проекти МАИА – чија наредна сесија ќе се одржи во текот на месец септември во Битола, претставници од тренинг програмата за развој на сценарија и филмски проекти MIDPOINT, чија наредна сесија ќе се одржи во текот на месец јуни во Охрид, претставници од FIRST FILM FIRST и многу други соработници...


Покрај споменатите активности, досега директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска во текот на својот престој на Маркетот оствари средба со Марион Доринг, директор на EFA, со Инке ван Лок  од Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам, Сузан Николчев, извршен директор на Европската Аудиовизуелна Опсерваторија, Берн Будер, селектор на Берлинскиот Филмски Фестивал. Мими Ѓоргоска Илиевска приуствуваше на конференцијата на Европската аудиовизуелна опсерваторија насловена „Is Vod Growing the Film Pie“ посветена на влијанието на VoD платформите врз филмската индустрија како и на генералното собрание на European Film Promotion.