„Незаборавна Пролет во Заборавено Село” освои награда за најдобра презентација на PriForum 2014

29/04/2014

Филмскиот проект „Незаборавна Пролет во Заборавено Село” од Македонија e добитник на наградата за најдобра презентација на PriForum кој се одржа во период од 25 до 27 Април 2014, во склоп на PriFest, Приштина, Косово.

Проектот е во продукција на Мануфактура продукција од Скопје, а сценарист и режисер на проектот е Куштрим Бектеши. Поддржан е од Агенцијата за Филм на Македонија, а воедно има обезбедено копродуценти од Косово, Албанија и Франција.

На форумот учествуваа режисерот Куштрим Бектеши, како и продуцентот Сашо Павловски кои ја добија главната награда од жирито, сочинето од Chedomir Kolar (продуцент номиниран за Оскар со филмот „Пред Дождот“, награден со Оскар за филмот „Ничија Земја“, добитник на две награди Берлинскиот Филмски Фестивал), Karen Adler (меѓународен експерт за финансирање на филмови и соработник со PARAMOUNT, WARNER, PATHE, ALLIANCE), Cathy de Haan (експерт од Германија) како и Shari Page (продуцент на Outfest Los Angeles).

Наградата вклучува статуетка и финансиска донација од познатата британска актерка Vanessa Redgrave. Проектот освен одлуката на жирито, едногласно ја освои и поддршката од публиката.

Свеченото доделување на наградата ќе биде на 2 Мај на затворањето на Фестивалот.