Агенцијата за филм на овогодинешниот Кански филмски фестивал

09/05/2016

Агенцијата за филм на Република Македонија и оваа година е дел од Канскиот филмски фестивал, овојпат во официјалната програма со филмскиот проект „Сиераневада’’ во режија на Кристи Пуиу, којшто беше премиерно прикажан на 12. мај со почеток од 15:30 часот во салата Лимиер. Пред премиерата на филмот во 12:00 часот ќе беше одржана прес конференција на која присуствуваше и дел од македонската екипа на филмот, а по премиерата во организација на сите земји копродуценти следуваше коктел забава во еден од најексклузивните клубови во Кан - SILENCIO.

Покрај официјалната премиера на филмот на 11. мај  имаше две проекции за новинари во 19:00 и 21:00, а на 13. мај во 13:45 часот проекција за поширока јавност како и предвидени се и 3 прикажувања на маркетот на Канскиот филмски фестивал на 13. 16. и 18. мај.
 
„Сиераневада’’ е филмски проект во кој Република Македонија учествува со малцински финансиски удел, додека истиот е копродукција помеѓу Романија, Франција, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Ко-продуцент од Република Македонија е Лабина Митевска од продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски.

Во интерес на соодветна промоција на овој значаен успех, Агенцијата за Филм на Република Македонија во соработка со продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски  обезбедија рекламни објави во престижните списанија Variety на 12. мај и Screen International  на 13. мај.

Како и секоја година така и оваа година Агенцијата за филм на Република Македонија е дел од павилјонот на земјите од Југоисточна Европа и се преставува на филмскиот маркет кој се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал. Во текот на овие денови, Агенцијата ја промовира македонската кинематографија со најновата филмска продукција, Македонија како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства во износ од 20% треба да се привлечат странските продукции да снимаат филмови, можностите за копродукција, промоција на македонските филмски фестивали и други проекти од областа на филмската дејност.

На годинашниот филмски маркет, а во организација на селс агентот REEL SUSPECTS на  16. мај со почеток од 10:00 часот во PALAIS E се одржа и проекција на филмот „Џган“ во режија на Вардан Тозија.

 

 ДНЕВЕН РАСПОРЕД