Директорката на Агенција за филм на конференција ANICA (Национална асоцијација за филм и аудиовизуелни и мултимедијални индустрии) – Фокус на балканските земји

05/09/2016

Денес (5 септември) во Венеција, во рамки на 73. Венецискиот филмски фестивал се одржува конференцијата Фокус на балканските земји на кои присуствува и Директорката на Агенција за филм на Република македонија, г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска.

Конференцијата е во организација на ANICA (Национална асоцијација за филм и аудиовизуелни и мултимедијални индустри) а во соработка со Генералната дирекција за филм при Министерството за културно наследство и туризам на Република Италија (DGC-MiBACT), а освен Македонија земји учеснички се: Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Албанија и Хрватска.

Цел на конференцијата е презентација  на фондовите за производство на домашни филмови и копродукции како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу балканските земји и Република Италија.

Директорката на Агенција за филм на Република Македонија на средбата ќе ги претстави постоечките можности за копродукција со Република Македонија кои се во насока на развој и унапредување на  филмската дејност во земјата, досегашната соработка со Република Италија како и мерката право на поврат на 20% од вложените средства  со што се поттикнува вложувањето на средства во филмски/телевизиски проекти кои се реализирани на територијата на Република Македонија.