Агенцијата за филм на РМ и EAVE ја најавуваат EAVE European Producers Workshop во Скопје

23/06/2015

  

Денес, на прес конференција која се одржа во просториите на Агенција за филм на Р. Македонијасо почеток во 11 часот се најави втората работилница на EAVE Producers Workshop  којашто ќе се одржува во Скопје, Р. Македонија во период од 24ти јуни до 1ви јули, 2015 година. 

На прес конференцијата беа присустни г-ѓа Елизабета Канческа Милевска,  Министер за култура,  г. Дарко Башески, в.д директор на Агенцијата за филм на РМ и  Сату Ело, менаџер на работилницата кои го изразија своето задоволство што Република Македонија за прв пат ќе биде домаќин на еден од најголемите едукативни настани во филмската дејност.

Министерката за култура на Р.Македонија истакна „овој настан е од особено значење за нашата земја, за развојот на нашата филмска дејност како и за едукација на  нашите филмски работици  кои во текот на една недела ќе имаат можност преку отворените сесии и индивидуални состаноци да ги зголемат своите знаења и вештини како и да  воспостават соработка со учесниците на работилницата за можни идни копродукции.

Уверена сум дека оваа работилница ќе биде исклучително полезна и во функција на пронаоѓањето на ефикасни механизми за промоција на филмското наследство кое не само што ја афирмира културата на една земја туку преставува и значаен генератор на економската благосостојба на државата. Во овој контекс сакам да апелирам до сите македонски продуценти да земат учество во овој значаен настан кој може да има големи придобивки во нивната понатамошна работа и комуникација со светот.“

  

Директорот Дарко Башески и Сату Ело дадоа краток осврт на сето она кое што ќе се случува во текот на наредната недела како дел од работилницата и тоа: на работилницата, која е организирана во соработка со Агенцијата за филм на Р. Македонија ќе земат учество 48 учесници од 30 земји.

Работилницата која ќе се одржува во Скопје е втора од вкупно три работилници од годишната тренинг програма на EAVE наменета за независни продуценти. Овогодинешните учесници се избрани од вкупно 166 пријавени учесници од целиот свет. Покрај европските земји, годинава има учесници и од Аргентина, Бразил, Турција, Сингапур и мн. други.

Еднонеделната работилница ќе се фокусира на различни сегменти од филмската продукција, вклучувајќи го маркетингот, финансирањето и продажбата.  Овогодишниот тим од експерти е составен од JaniThiltges (EAVE Head of Studies), четири групни лидери (искусни продуценти), RoshanakBeheshtNedjad (In Good Company GmbH, DE) LiseLense-Møller (Magic Hour Films, DK) , RiinaSildos (Amrion, EE) и Patrick Sobelman (Agat Films &Cie, FR); консултантите за сценарио Clare Downs (UK), Jacques Akchoti (FR), Martin Daniel (USA) и експертот за документарни филмови Sylvia Stevens (Faction Films, UK).  Експертите за презентација (SibylleKurz (DE), финансирање Linda Beath (Ideal Filmworks, IT), маркетинг (Sarah Calderon (The Film Agency, ES) и право(Roberto Olla (Eurimages, EU) ќе го споделат своето искуство и знаење во пленарни и групни сесии и индивидуални состаноци со учесниците на EAVE.

Експертот за музички права Laurence Kaye ќе предава на тема музички права, DidarDomehri (Full House – Manekifilms, FR) ќе го сподели своето искуство во продажбата и меѓународниот пазар, додека на посебен панел експертите  JaniThiltges (EAVE Head of Studie), финансискиот експерт Linda Beath, продуцентката Christine Alderson (Ipso Facto Films, UK), DanijelHocevar (Vertigo, SI), Titus Kreyenberg (unafilm, DE) и LeenaPasanen (DOK Leipzig, DE) детално ќе дискутираат за финансирањето на проектите.

Локалната филмска дејност ќе биде претставена на посебна сесија насловена: „Продуцирање во и со Македонија“. Сесијата ќе ја отвори Министерката за култура на Р. Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска, а директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески ќе одржи предавање каде ќе ги претстави копродукциските можности што ги нуди Македонија како и правото на поврат на средства. Продуцентот Огнен Антов (Dream Factory) ќе одржи презентација на студија на случај  „Споменик на Мајкл Џексон“ - проект развиван на EAVE во 2011 година, каде Огнен Антов се јавува во улога на копродуцент (копродукција помеѓу  Србија, Германија, Македонија и Хрватска).

Вoедно, на 28ми и 29ти јуни ќе се одржи и посебна работилница EAVE@Skopje наменета за локални продуценти, каде четири селектирани проекти од Македонија ќе добијат можност за групна работа и индивидуални состаноци  со екпертите на EAVE: Linda Beath, SibylleKurz, Titus Kreyenberg and Anita Voorham, додека DidarDomehri ќе одржи пленарна сесија за „Продажба и меѓународен пазар“наменета за локалните учесници.

   

На самиот крај Дарко Башески, в.д. директорот на Агенција за филм истакна „Ни претставува особена чест и задоволство што годинава ќе бидеме домаќини на втората работилница на EAVE Producers Workshop 2015. Исклучително сме благодарни за укажаната можност и доверба која дополнително ќе ја зајакне успешната соработка и партнерство помеѓу двете институции. И покрај тоа што не очекува една навистина интензивна работилница, искрено се надевам дека учесниците ќе успеат да доживеат дел од Македонија. Вооедно ја истакнувам мојата благодарност до Винаријата Тиквеш која секогаш ги подржува настаните од исклучителна важност за нашата земја . И овој пат присутните експерти и учесници на оваа работилница ќе имаат можност да уживаат во македонското вино“

Кристина Трап, извршен директор на EAVE преку писмено обраќање истакна „Особено ни е драго што втората работилница на EAVE European Producers workshop  годинава ја носиме во Скопје поради нашата  соработка со Агенцијата за филм на РМ и директорот Дарко Башески и неговиот исклучителен тим со кој имаме долгогодишно искуство во организирање на настани од ваков тип во регионот. “

EAVE е поддржана од МЕДИА програмата на Креативна Европа, Филмскиот фонд на Луксембург, германскиот Центар за медиумска промоција, францускиот Национален центар за филм и подвижни слики, Аудиовизуелниот фонд на регионот Фриули-Венцеија-Џулија, ПАКТ (Здружение на филмски и телевизиски продуценти), Британскиот совет, бразилската програма Cinema do Brazil на Агенцијата за промоција на инвестициите, Европскиот филмски маркет и земјите партнери кадешто сеодржуваат работилниците од 1988 година.