Агенцијата за филм на Република Македонија на AFCI Cineposium 2015 во Барселона

23/09/2015

   Оваа година Агенцијата за филм на Република Македонија стана член на Асоцијацијата на меѓународни филмски комесари -The Association of Film Commissioners International (AFCI)

   Република Македонија преку Агенцијата за филм на Република Македонија во периодот од 24ти до 26ти септември ќе присуствува на симпозиумот AFCI Cineposium 2015 кој се одржува во Барселона, Шпанија  и ќе ја промовира Република Македонија како дестинација за снимање на филмови како и ќе размени искуства со филмските комисии од целиот свет со цел развивање на системот и механизмите кои со новиот закон  за филмска дејност се имплементираат од 2014 година.

 

 Овогодишната тема  на овој настан е посветена на филмски туризам (Film Tourism) бидејќи согласно анализите направени од експертите во оваа дејност се утврдува дека филмските комисии денес се натпреваруваат за светска филмска индустрија во вредност од повеќе од 88,3 милијарди долари, додека приходите од туризмот меѓународно се зголемија за над 1 трилијарди долари. Според истата анализа утврдено е  дека над 1 милијарда луѓе патуваат на меѓународно ниво во различни земји за задоволство секоја година, додека секој 5ти турист е мотивиран од филмови или ТВ-програми. Како најистакнат пример е популарноста на франшизата на филмот „Хобит“ што се снимаше во Нов Зеланд, што ги зголеми туристичките посети во 2014 на оваа земја за над  3.155.000.000 долари, а кои во 2013 година изнесуваа 7.000.000 долари.


    Агенцијата за филм на Република Македонија со поддршка на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во овој период работи интензивно на промоција на Република Македонија како дестинација за снимање на филмови, врши промоција на природните и човечките капацитети со кои располага нашата земја како и промоција на продукциските и пост-продукциските компании и нивните капацитети се со цел привлекување на странски продукции да снимаат на нашата територија како и  развој на филмската дејност во земјата.


    Како резултат на оваа промоција е снимањето на францускиот филм “A fond” во режија на Николас Бенаму кој започна со своето снимање во септември во Македонија, а минатата седмица во Македонија престојуваа шест високи претставници од големите студија Warner Brothers, Walt Disney како и Entertainment Partners кои беа запознаени со нашите најубави локации и природни убавини, економските стимуланси и продукциските олеснувања кои нашата земја ги нуди како и запознавање со компании кои нудат продукциски и пост-продукциски услуги во нашата земја.



                                                   Асоцијацијата на меѓународни филмски комесари (AFCI)

 
    Асоцијацијата на меѓународни филмски комесари (AFCI) е непрофитна организација која е основана во 1975 година за да им служи на растечките потреби на филмска и телевизиска продукција. AFCI првично беше формирана од страна на една мала група на филмски комесари кои сакале да споделуваат информации и да учат едни од други за нивните искуства и системи кои овозможуваат успешна реализација на нивните филмски, односно телевизиски проекти. Денес, AFCI се прошири во една светска мрежа на повеќе од 300 филмски комисии од шест континенти кои ги промовираат своите земји како дестинации за снимање, нивните природни и човечки ресурси, економските стимуланси (финансиски олеснувања) како и разменуваат искуства за подобрување на системите и механизмите при снимање во нивните земји. Сите членови на оваа мрежа се посветени на бизнисот на олеснување на филмска и телевизиска продукција,  активност која генерира милијарди долари годишно.

    Оваа организација во текот на целата година е активна со организација на едукативни настани и семинари меѓу кој најзначаен е Cineposium кој започнал со својата организација уште од 1976 година и Locations Show (саем на локации на филмска и телевизиска продукција кој се одржува во Лос Анџелес, Калифорнија) кој преставува настан на кој присуствуваат повеќе стотици филмски професионалци и филмски комисии и преставува форум за филмските комисии на кој ги промовираат продукциските олеснувања, локациите, капацитетите за снимање како и услугите кои ги нудат за снимање во рамките на своите држави, градови, провинции и сл. Во текот на годината AFCI e присутна со свои настани и во текот на најзначајните фестивали како што се Канскиот филмски фестивал, Берлинскиот филмски  фестивал, Санденс и Торонто Филм Фестивал. 

Повеќе информации за AFCI на веб страната : www.afci.org