Агенцијата за филм на РМ на Филмсиот фестивал и копродукцискиот маркет во Котбус

06/11/2015

 

Агенцијата за филм на Република Македонија, имаше презентација на 16то издание на Копродукцискиот маркет Конектинг Котбус што се одржува во период од 05-06 Ноември на кој присуствуваат голем број на продуценти, финансиери и фондови кои ги презентираат своите проекти. Една од темите на кои беше дискутирано на презентацијата беше посветена на  најголемите промени кај филмските фондови, како кај Агенцијата за филм на РМ, заедно со Филмскиот фонд од Холандија, Германија и Полска. Меѓу другото, беа претставени и мерките за стимулирање кои ги воведуваат некои од земјите како што е правото на поврат од 20% од вложените средства (кај Холандија правото на поврат изнесува 30% од вложените средства), како и новите фондови за развој на копродукциски проекти помеѓу Италија и Македонија и меѓу Полска и Германија.

 

Работилницата FEEDBACK

На работилницата FEEDBACK, предводена од Сајмон Пери на која присуствуваа и претставниците на фондовите од Италија (Фриули-Венеција-Џулија), Хрватска, Словенија, Полска, Грузија заедно со претставници од Романија, Србија и БиХ, се разговараше за проширување на регионалната соработка и зголемување на копродукциите како и за реципроцитетот во копродукциските односи.

 

Македонски филмови на Копродукцискиот маркет Конектинг Котбус

Филмот „Шеќерното дете“ во продукција на Скопје Филм Студио, беше разработен на маркетинг работилница и истиот беше претставен пред присутните продуценти и екперти и беше прифатен со големи симпатии.

 

Македонски филмви на Филмскиот  Фестивал во Котбус

 Во склоп на програмата на Филмскиот фестивал во Котбус,  кој се одржува во период од  3-8 ноември во Германија и се смета за водечки фестивал во светот посветен на источноевропската кинематографија, ќе бидат прикажани  и македонски филмови меѓу кои и  „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, кој со уште единаесет остварувања се натпреварува за главната фестивалска награда „Лубина“. Покрај овој филм ќе биде прикажан и филмот „Татко“ на Висар Морина во рамките на програмата „Спектрум“, како и „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Шишка делукс“ во режија на Јан Цвитковиќ.