Агенцијата за филм на РМ на Japan Content Showcase 2015, Токио

20/10/2015

 

 

 

Агенцијата за филм на Република Македонија со свој штанд во склоп на Location Pavilion на големиот маркет Japan Content Showcase 2015 во период од 20 до 22 октомври ќе ја промовира  Македонија како дестинација за снимање на филмови и поволностите кои нашата земја ги нуди за реализација на филмски, односно телевизиски проекти како што се правото на поврат, ниските даноци и сл.


Воедно во склоп на преставувањето Агенцијата  ќе ги промовира и ко-продукциските можности во кои Република Македонија учествува со малцински финансиски удел.


Japan Content Showcase преставува мултимедијален маркет наменет за претставници од филмската, телевизиската, музичката индустрија и др. сродни индустрии на кој ќе присуствуваат претставници од целиот свет.  Овој маркет се одржува склоп на Токискиот филмскиот фестивал TIFF (Tokyo International Film Festival), заедно со TIMM (Tokyo International Music Market), TIFFCOM (Affiliated market of the Tokyo International Film Festival -TIFF) и TIAF (Tokyo International Anime Festival).

 

Повеќе информации за настанот на следнава веб страна: http://www.jcs.tokyo/en/