Македонскиот филм “ЏГАН” на филмски фестивал во Визбаден, Германија

23/11/2016

 

Македонскиот филм “ЏГАН” во режија на Вардан Тозија, продолжува да реди фестивалски успеси. На 16 ноември го имаше своето прикажувања пред германската публика, во рамките на Exground filmfest во Визбаден во натпреварувачката селекција на фестивалот.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, во ко-продукција со Red

Helicopter films од Албанија.

Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм

на Република Македонија, и SEE Cinema network.