Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Филмски Фонд на Македонија на Канскиот Филмски Фестивал

15/05/2012

                                                               

 

Филмскиот Фонд на Македонија по трети пат ќе се претстави на филмскиот маркет, во склоп на 65-то издание на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 16-25 мај, каде покрај промоцијата на филмовите ќе посвети посебно внимание на промоција на Македонија како дестинација за снимање на филмови како држава во која се плаќаат најниски персонални даноци, со посебни поволности за авторските професии.

Македонскиот штанд ќе биде во склоп на  павилjoнот на Југоисточна Европа (South-East European Pavilion)  заедно со Словениjа, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Албанија, Србија и Црна Гора. На павилјонот ќе се презентираат филмовите од регионот и ќе биде место за средби на нашите продуценти со продуцентите, фестивалите и дистрибутерите од другите  земји.

Во рамки на филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал (Marche du Film), Филмскиот Фонд во соработка со продуцентските куќи организира промоција и прикажување на филмовите „Жената што си ги избриша солзите“ во режија на Теона Стругар Митевска на 19 мај, „Балканот не е мртов“  во режија на Александар Поповски на 20 мај и „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски на 21 мај.

Роберт Насков како продуцент на филмовите „Балканот не е мртов“ и „Трето полувреме“ ќе биде претставен во склоп на Producers on the move 2012 во организација на European Film Promotion како претставник од Македонија со уште 24 продуценти, претставници од другите земји членки на мрежата.

 

MAКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ 2012 НА КАНСКИ ФИЛМСКИ МАРКЕТ - РАСПОРЕД НА ПРИКАЖУВАЊЕ

Сабота, 19.05

10:00 – RIVIERA 3                                 Жената која си ги избриша солзите

Недела, 20.05

11:30 – PALAIS D                                   Балканот не е мртов

Понеделник, 21.05   

11.30- PALAIS D                                    Трето полувреме

 

 

Најновото филмско остварување на режисерот Вес Андерсон „Месечево кралство“ ќе го отвори  Канскиот филмски фестивал, додека честа да го затвори ова јубилејно издание му припадна на „Тереза Дескејру“ на режисерот Клод Милер. Француската актерка Беренис Бежо ќе биде домаќин на овогодинешните свечени церемонии на фестивалот.

 

Повеќе информации на официјалната веб страна на фестивалот