Филмскиот фонд додели 3 гранта за развој на прв драфт на ново сценарио

05/12/2013

Денес Филмскиот фонд на Република Македонија по четтврти пат додели 3 гранта за пишување на прв драфт на ново сценарио. На конкурсот објавен од страна на Филмскиот фонд се пријавија 10 кандидати кои денес имаа шанса да ги претстават своите идеи за сценарио пред македонските филмски професионалци. Презентацијата се одржа во просториите на Филмскиот фонд со почеток во 11 часот.

Од пријавените десет кандидати, грант добија идеите за сценарија: „Летото со Силвија“ на Андреј Илиевски Волкашин, „Распеаната шума“ на Гоце Цветановски и „Срам“ на Верица Недеска.

Висината на грантот за секој проект поединечно изнесува 2.000 евра.