Филмскиот фонд додели 3 гранта за развој на сценарио

29/11/2012

Филмскиот фонд на Македонија додели 3 гранта на кандидатите кои аплицираа на конкурсот за доделување на грант за пишување на прв драфт на ново сценарио. Станува збор за идеите за сценарија на Билјана Долевска за проектот „Коридори“, проектот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова и „Ништо страшно“ на Димитар Банов.

На конкурсот објавен од страна на Филмскиот фонд се пријавија 12 кандидати кои денес имаа шанса да ги претстават своите идеи за сценарио пред македонските филмски професионалци. Презентацијата се одржа во просториите на Филмскиот фонд  со почеток во 11 часот.

Одлуката за доделување на грант за прв драфт на ново сценарио беше донесена од страна на тричлена комисија составена од Благоја Kуновски, Билјана Гарванлиева и Бернд Будер  а висината на грантот за секој проект поединечно изнесува 2.000 €.