Македонски филмови на Balkan Film & Food Festival во Албанија

26/08/2014

                 

На четвртото издание на Balkan Film & Food Festival, кој ќе се одржи во периодот од 1-7 септември во Поградец, Албанија, ќе бидат прикажани документарниот „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева и кратките „Образ“ на Стефан Сидовски и „Бале“.

Традиционално, фестивалот е посветен на љубителите на филмската уметност и културата и традицијата на балканските народи. Богатата програма вклучува интересни гостувања, богата филмска понуда, работилници, музичка програма, излети и традиционални кулинарски специјалитети на земјите од регионот.


Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ