Македонски филмови на фестивалот „Источни соседи“

22/10/2014

 

 „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов, „Убаво време за умирање“ во режија на Сенад Абдули, „Алерик“  на Вук Митевски и „Споменик на Мајкл Џексон“, копродукција меѓу Хрватска/Македонија/Србија/Германија, се филмовите кои се најдоа на програмата на овогодинешното издание на Филмскиот фестивал „Источни соседи“.

Фестивалот ќе се одржи во период од 6-15 ноември во Хаг, Холандија и претставува  огледало на моменталните случувања и достигнувања во земјите од регионот, презентирани преку филмската продукција. Филмската програма вклучува долгометражни, документарни, краткометражни и анимирани остварувања проследени со бројни настани наменети за остварување меѓународни соработки.

Подетални информации за фестивалот на  http://www.enff.nl/