„Барајќи ја среќата“ прогласен за најдобар документарен филм во Југоисточна Европа

05/05/2014

Документарниот филм „Барајќи ја среќата“, во режија на Марија Џиџева, беше прогласен за најдобар документарен филм на четвртото издание на фестивалот на филмови од Југоисточна Европа, „СЕЕ а Париз“, кое се одржа минатата недела и на кое беа прикажани неколку македонски филмови.

На 28- ми април се прикажаа  „Браќа Манаки“ инсерти од документарни филмови направени од страна на првите кинематографери на Балканот  и документарниот филм  „Мојот татко Изет“ во режија на Благој Марковски и сценарио на Љубе Цветановски.  Во склоп на програмата за  кратки и анимирани филмови  на 29-ти април се прикажаа кратките филмови „Убаво време за умирање“ на Сенад Абдули и „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ на Гоце Цветановски, додека во програмата за документарни филмови се прикажаа последните документарни фимови  на Сузана Диневски  - „Трагачи по звукот“ и на Марија Џиџева -„Барајќи си ја среќата“.

Фестивалот се одржа во период  од 27ми до 30ти април, во Париз, Франција.