Македонски филмови на фестивалот „SEE A Paris“

08/04/2015

 

Фестивалот на филмови од југо-источна Европа “SEE a Paris” ќе се одржи по четврти пат во Париз во периодот помеѓу 12 и 16 април. Оваа година во програмата се најдоа и неколку македонски филмови: долгометражното остварување на Игор Иванов „Соба со пијано“, краткиот филм „Материјал за аудиција“ во режија на Ѓорче Ставрески и анимираниот „Алерик“ во режија на Вук Митевски. Како дел од програмата ќе бидат прикажани и македонските копродукции „Пресуда“ во режија на Стефан Командарев и „Инферно“ во режија на Винко Модерндорфер.


Покрај богатата филмска програма од 12 земји од источна Европа во рамки на фестивалот традиционално се организира и книжевен фонд, работилници и концерти.


Подетално за програмата, ОВДЕ