Македонски филмови на фестивал во Париз

27/04/2012

 

 

Пет македонски филмови ќе бидат претставени на годинешното  второ издание на филмскиот фестивал на Југоисточна Европа „SEE a Paris“, кој ќе се одржи од 9-12 мај во престижниот културен центар  L'Entrepot во Париз, а дел од програмата ќе биде прикажана и во амфитеатарот на француската ЕСРА.

Програмата на фестивалот е поделена во четири дела: Главна програма, Прв пат во Париз, Балкански синеасти од светските универзитети и Маратон на кратки, анимирани и документарни филмови.

Од македонските претставници ќе учествуваат  филмот на Сашо Павловски „Ова не е американски филм", документарниот филм  „Македонците во Истанбул" на Елизабета Конеска, краткиот филм „Митот за Сара" на Саша Станишиќ, филмот „Време на бранот" на Андријана Цветковиќ, која живее и работи во Јапонија и дипломскиот филм на студентката Ана Алексовска „Аларм".

Од годинава фестивалот ќе биде под патронажа на УНЕСKО.

 

Повеќе за програмата и распоредот на прикажување, ОВДЕ