Македонски филмови на 1. Филмски фестивал во Тузла

21/08/2012

Градот Тузла, од 22-26 август годинава ќе биде домаќин на првото издание на Филмскиот фестивал Тузла - фестивал на јужнословенски филм, каде во текот на пет фестивалски дена посетителите ќе имаат прилика да уживаат во повеќе од 130  филмски остварувања.

Богатата фестивалска програма ќе им понуди на љубителите на филмот врвни филмови од јужнословенските земји, кои ќе се натпреваруваат во 4 категории: долгометражни филмови (од македонските : „Ова не е Американски филм“ во режија на Сашо Павловски и  „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски), краткометражни („Бардо“ во режија на Марија Апчевка, „Крајот на светот“ во режија на Јани Бојаџи, „Синот“ во режија на Mарко Ѓоковиќ, „Епизодист“ во режија на Игор Алексов, „Г-ѓа Рубин“ во режија на Костадин Анастасов и „Девојчето со кибритчињата“ во режија на Филип Матевски), документарни („Македонците во Истанбул“ во режија на Елизабета Конеска) и анимирани филмови („Народен фронт 12“ во режија на Иван Ивановски).

Освен богатата филмска понуда, во склоп на фестивалот ќе бидат организирани бројни активности како тркалезни маси, дискусии и дебати, со цел да им се овозможи на младите луѓе слободно изразување во креативната индустрија и развивање на уметничката слобода, како и да им се зајакне чувството за конструктивна критика и конкуренција.

Повеќе информации за фестивалот, ОВДЕ