Македонски филмови наградени во Торонто

24/10/2014

 

 

Жирито на Фестивалот на македонски филмови во Торонто награди три македонски филмови од поновата продукција.

„Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески ја доби наградата за најдобар долгометражен филм, „Барајќи ја среќата“ на Марија Џиџева беше избран за најдобар документарен филм а „Материјал за аудиција“ на Ѓорче Ставрески ја доби наградата за најдобар краткометражен филм.

Фестивалот ќе се одржи во период од 25-26 октомври во Торонто, Канада и ќе понуди селекција на најдобрите остварувања од истакнати и надежни автори.