Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

5 Македонски филмови на фестивал во Турција

05/02/2013

Пет македонски филма ќе бидат прикажани на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ, кое ќе се одржи од 5-9 февруари во Истанбул, Турција.  Во програмата „Меѓународна селекција“, составена од 13 различни селекции кои се тематски организирани, ќе се прикажат околу 200 краткометражни, документарни и играни  филмови. 

Краткометражниот филм „Епизодист“, во режија на Игор Алексов ќе биде прикажан во селекцијата “Daydreams”,  „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ е селектиран во  “Generation Z”, „ Митот на Сара“ на Саша Станишиќ во “Shoot Films, Not People”, документарниот филм „Нашите во Станбол“ во режија на Елизабета Конеска  ќе се прикаже во селекцијата насловена “Journey”, додека краткометражниот „Образ“ во режија на Стефан Сидовски е селектиран во “Staterror”.

Фестивалот освен  филмски проекции, нуди и богата програма каде посетителите и учесниците ќе имаат шанса да земат учество во Мастер предавања организирани од страна на еминентни пофесионалци од областа на филмската индустрија, каде младите филмаџии ќе имаат можност да дискутираат и да ги споделат своите мислења и искуства.

Повеќе за фестивалот и филмската програма, ОВДЕ