Македонски филмови на фестивалот во Сан Себастијан

16/09/2014

Фимовите „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски и „Како убив светец“ во режија на Теона Стругар Митевска ќе бидат прикажани на овогодинешниот филмски фестивал во Сан Себастијан во склоп на програмата Источни ветувања - Автобиографија на Источна Европа (Eastern Promises. Autobiography of Eastern Europe). Фестивалот се одржува во период од 19-27 септември во Сан Себастијан, Шпанија.

Источна ветувања. Автобиографија на Источна Европа e ретроспективата од 50 филмови кои го обележаа почетокот на 21от век со цел да се открие богатството на овие филмски индустрии и новите таленти кои се појавија во последната деценија.

Повеќе информации за фестивалот на http://www.sansebastianfestival.com/in/