Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонските филмови на Канскиот филмски маркет

20/05/2012

                                                            За Македонија во Variety

 

                              

 

Оваа година по трет пат со свој штанд во склоп на павиљонот на Југоисточна Европа, Македонија се претставува на Филмскиот маркет во склоп на 65. Кански филмски фестивал кој е во тек. На маркетот се презентира Македонската кинематографија пред потенцијалните фестивали и копродуценти, како и Македонија како дестинација за  снимање на филмови, можностите кои Македонија ги нуди за копродуцирање со странски држави и даночните поволности кои ги имаме со најниските даночни стапки.

Оваа година на маркетот на Канскиот филмски фестивал Македонскиот филмски фонд во соработка со продуцентските куќи организира прикажување на трите најнови македонски филмови пред потенцијалните дистрибутери и фестивали.

Во саботата, во RIVIERA3 со почеток во 10ч. беше прикажан новиот филм на Теона Стругар Митевска „Жената што ги избриша своите солзи“, а денес во PALAIS D со почеток во 11:30ч. беше прикажан филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски, додека утре на истото место во истото време ќе се прикаже и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.

Од вчера започна проектот Producers on the move 2012 во организација на European Film Promotion. Дваесет и петте европски продуценти, меѓу кои и Роберт Насков од Македонија, денес ќе ги претстават своите тековни и идни проекти со што го прошируваат кругот на потенцијалните соработници и копродуценти.

Денес списанието Variety објави текст за Македонија каде се известува за напредокот и иницијативите кои ги прави Македонија во областа на филмот. Повеќе информации ОВДЕ

 

Годинешното јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал се одржува од 16-27 мај.