Македонски филмови на фестивали низ Европа

06/11/2015

Филмот „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, со уште единаесет остварувања се натпреварува за главната фестивалска награда „Лубина“ на 25. Филмски фестивал во Котбус, Германија што се одржува од 3 до 8 ноември. Покрај овој филм на „Скопје филм студио“, продуцентската куќа на Филмскиот фестивал во Котбус се претставува и со филмот „Татко“ на Висар Морина во рамките на програмата „Спектрум“, како и со „Шеќерното дете“ на Игор Иванов, филм во фаза на развој, што е дел од програмата на Ко-Ко копродукцискиот маркет.

Во Љубљана се одржа премиерата на филмот „Шишка делукс“, словенечко-македонско-чешка копродукција во режија на Јан Цвитковиќ. Филмот ја имаше својата светска премиера на „World Film Festival“ во Монтреал, „Let’s CEE Film Festival“ во Виена, „CinEast Film festival“ во Луксембург, и Филмските фестивали во Котбус, Германија и Трст, Италија, како и на „Фест“ во Белград.

Филмовите се поддржани од Агенција за филм на РМ.