Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонски филмови на фестивалот на филмови од Југоисточна Европа (SEE Film Festival)

13/06/2016

 

Во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „SEE a Paris“ во Париз беа прикажани филмовите „Три дена во септември“ на режисерот Дарјан Пејовски и „Жената на мојот живот“  на режисер Антониј Дончев кои се финансиски подржани од Агенцијата за филм на Република Македонија. Во Берлин на фестивалот “SОE in Berlin“, програмата беше збогатена со уште еден наслов, односно филмот „Татко“ на режисерот Висар Морина, кој исто така финансиски е подржан од Агенцијата за филм на РМ како малцинска македонска копродукција.

Во Берлин  филмот  „Три дена во септември“ на режисерот Дарјан Пејовски ја доби наградата за Најдобар филм од страна на главното жири, а од меѓународно жири составено од млади лица беа доделени уште две награди, и тоа награда за најдобра режија и награда за најдобра женска улога на актерката Камка Тоциновски која го игра ликот на Марика.

Во Париз „Три дена во септември“е добитник и на наградата за најдобра музика.

Фестивалите „SEE a Paris“ и “SОE in Berlin“ се дел од SEE Film Ferstival, фестивалот на филмови на Југо-источна Европа, кој финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на РМ кој заврши со изданието во Нингбо, Кина, (08-12 јуни). На изданието во Нингбо беа прикажани следниве филмови кои се финансиски поддржани од Агенцијата за филм: „Пепи и Муто“ во режија на Георги М. Унковски, „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов, кој беше награден од страна на стручното жири и „Девојката што паѓа“ во режија на Владимир Лукаш.