Македонски Филмови на ПриФест

17/07/2017

 

Во рамките на деветото издание на ПриФест, кое од 13 до 20 Јули се одржува во Приштина, учество зедоа неколку македонски филмови. Имено во рамкте на програмата „Honey and Blood“, каде што се селектирани филмови од регионот, на 16 Јули беше прикажан филмот „Џган“, на режисерот Вардан Тозија, реализиран во продукција на Dream Factory.

Покрај овој филм на 14 Јули беа прикажани и краткометражните филмови „Разговор за животот“ на режисерот Агим Абдула и филмот „Земја“ на режисерот Ибрахим Деари.

Во рамките на ПриФорум, како дел од деветте селектирани проекти, учество зеде и проектот „Лена и Владимир“, на режисерот Игор Алексов.