Листа на прифатени проекти по повик за пријава на проекти на првиот македонско-италијански фонд за копродукциски развој

23/12/2016

 

Ве известуваме дека согласно потпишаниот договор за формирање на македонско-италијански фонд за копродукциски развој, Агенцијата за филм на Република Македонија и Генералната Дирекција за филм при Министерството за културно наследство и туризам на Република Италија (DGC-MiBACT)  на ден 15.06.2016 година го објавија повикот за пријава на проекти на првиот македонско-италијански фонд за копродукциски развој. Краен рок за поднесување пријави беше 12. септември 2016 и по истиот се пријавија 9 филмски проекти и тоа:

-3 Долгометражни играни со македонски мнозински уддел

-6 Долгометражни играни со македонски малцински уддел

Комисијата составена од претставници од Агенцијата за филм на Република Македонија и Генералната Дирекција за филм при Министерството за културно наследство и туризам на Република Италија донесе одлука за прифаќање на проекти по повикот за пријава на проекти на првиот македонско-италијански фонд за копродукциски развој, согласно која поддржа вкупно 4 проекти: 2 долгометражни играни проекти со македонски мнозински удел и 2 долгометражни проекти со македонски малцински удел. Вкупниот фонд за поддршка изнесува 60.000 евра.

 

Листа на прифатени проекти

 I. Долгометражни играни со македонски мнозински уддел  

Title Director  Scriptwriter Producer (MK) Producer (IT) % of Participation Requested amount (in EUR)
Stella Stojan Vujicic Eva Kamcevska Dream Factory Inthefilm

80% MK

20% IT
13.500
Shame
Ivo Trajkov Verica Nedeska-Trajkova Story Scope Production Pilgrim Film srl

80% MK

20% IT
15.000

 

II. Долгометражни играни со македонски малцински уддел

Title Director  Scriptwriter Producer (MK) Producer (IT) % of Participation Requested amount (in EUR)
Walking Pace Francesco Falaschi Angelo Carbone, Francesco Falaschi KT Film & Media Verdeoro Srl Unipersonale

80% IT

20% MK
15.000
Stidda Maris Renato Giuliano Renato Giuliano Award Film&Video Maxman Coop

80% IT

20% MK
15.000