Македонски малцински копродукции дел од програмата 51. Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари

07/07/2016

 

Вчера, на 06.07.2016 г., на меѓународниот филмски фестивал Карлови Вари, се одржа светската премиера на филмот „Ноќен живот“ на режисерот Дамјан Козоле.

Филмот кој е дел од главната селекција на фестивалот е копродукција меѓу Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина и истиот е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија како малцинска копродукција.

На премиерата на филмот од Македонија беа присутни Г-ѓа Лабина Митевска од продуценстаката куќа „Сестри и брат Митевски“, копродуцент на филмот, Г-ѓа Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Агенцијата за филм на Република Македонија, Г-дин  Паскал Стојчески, Амбасадор на Република Македонија во Република Чешка.

Во реализација на филмот учестуваше и следнава екипа од Република Македонија:  актерот Петар Арсовски, режисерот Иво Трајков во својство на супервизор на монтажа, студиото ФХЗХ кој ги работеа специјалните ефекти на филмот  и други.

На фестивалот денес ќе се одржи и премиера на долгометражниот игран филм „Доме слатки доме“ во режија на Фатон Бајрактари како дел од програмата East of the West. Филмот е  косовско-македонска копродукција, додека македонски копродуцент е Сенад Абдули од продуцентската куќа „Арнел Продакшен“.

Филмот „Доме слатки доме“ е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија како малцинска копродукција и во реализација на филмот учествуваше следнава екипа од Република Македонија: Блаже Дулев, монтажер, Дарко Спасовски- Пацки, музика и дизај на звук, Маријан Спасовски, мајстор на светло и други.

На премиерата на филмот ќе присуствува екипата која го реализираше филмот како и директорката на Агенцијата за филм, Г-ѓа Мими Ѓоргоска Илиевска и директорот на Косовскиот Филмски Центар, Г-дин Арбен Жарку.