Затворање на СФФ со премиера на „Жената која ги избриша своите солзи“

27/04/2012

Македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска  „ Жената која ги избриша своите солзи “ (копродукција на Германија, Македонија, Белгија и на Словенија), вечерва во 20 часот во кино Милениум, ќе го затвори годинешниот Скопски филмски фестивал.

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Викторија Абрил, Лабина Митевска, Жан Мари Га­леи, Арбен Бајрактарај и Петар Мусевски, ја доживеа својата светска премиера на годинешниот Берлински филмски фестивал – Берлинале, каде беше избран во програмата „Панорама специјал“.

Гостинка на вечерната проекција ќе биде шпанската актерка Викторија Абрил, која специјално за премиерата ќе допатува од Франција.

По премиерата филмот ќе биде ставен на редовниот репертоар на кино Милениум следните три недели.

 

Повеќе информации за филмот ОВДЕ