Краткиот филм „Шумарот“ со премиера во Кинотека

25/02/2013

 

Краткиот игран филм „Шумарот“ во режија на Изер Алиу, ќе биде премиерно прикажан денес, 27 февруари, во Кинотеката на Македонија со почеток во 18 часот.

„Шумарот“ е 25-минутна семејна драма во која акцентот е ставен на односот помеѓу синот и таткото. Улогите во филмот ги толкуваат единаесетгодишниот Бесим Муртезани, шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.

„Шумарот“ е добитник на престижната награда АМАНДА и е прогласен за најдобар краток филм на Меѓународниот фимски фестивал во Берген, Норвешка.

 Филмот е во продукција на ВЕДА Филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер и е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.