Македонска продукција претставена на фестивалот CINEAST

08/10/2015

8то  издание на фестивалот на филмови од централна и источна Европа – CINEAST, како дел од својата селекција ќе прикаже и филмови од најновата македонска продукција.

Фестивалот, кој се одржува во период од 08-25 октомври во Луксембург ќе прикаже селекција на краткометражни филмови од Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Косово, Македонија, Романија и Србија.

Филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски (копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција) ќе биде прикажан на 11 октомври, „Шишка Делукс“ во режија на Јан Цвитковиќ  (копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Чешка) ќе биде прикажан на 20 октомври додека „Татко“ на Висар Морина ќе биде прикажан на 22 октомври.

 

Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на следниов линк