Македонски филмови на детскиот филмски фестивал во Каиро

27/03/2012

                                        

 

Три филмa од Македонија  се селектирани да се натпреваруваат во меѓународна конкуренција во една од трите компетитивни програми на овогодинешното 21во издание на Меѓународниот фестивал за детски филм кој се одржува од 23ти до 30ти март  во Каиро, Египет.

Краткометражните филмови „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски и „Жарче“ на Томислав Алексов се селектирани да се прикажат во компетиција на краткометражни и долгометражни филмови,  додека  анимираниот филм „Game over“  на Зоран Мишевски ќе се натпреварува во компетиција за анимиран филм.

Во рамките на ревијалната програма  на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од целиот свет, вклучувајќи ја и Грција, која е овогодинешен почесен гостин на фестивалот.

 

 

Повеќе информации за фестивалот ОВДЕ