Македонски филмови на фестивал во Бугарија

02/07/2012

                 

 

Краткометражниот филм „Образ“ во режија на Стефан Сидовски заедно со анимираниот филм „Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ во режија на  Гоце Цветановски патуваат на уште еден фестивал од меѓународен карактер, IN THE PALACE Фестивал на краткометражен филм, каде викендов беа  прикажани во главна конкуренција за краткометражен и анимиран филм. На фестивалот, во специјална програма со фокус на македонски краткометражни филмови, ќе бидат прикажани и „Крајот на светот“ на Јани Бојаџи, „Епизодист“ во режија на Игор Алексов, „Митот за Сара“ во режија на Саша Станишиќ, „Девојчето со кибритчињата“ во режија на Филип Матевски и „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ.

Фестивалот се одржува во Балчик, Бугарија од 29 јуни до 7 јули.

Филмовите се поддржани од Филмскиот Фонд на Македонија.

Повеќе информации за филмската програма ОВДЕ